сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Познат идентитетот на „тик-токерот“ кој помина патарина со легитимација, еве дали работи во МВР

Познат идентитетот на „тик-токерот“ кој помина патарина со легитимација, еве дали работи во МВР

Секторот за внатрешни работи Тетово го расчисти случајот со видео-клипот објавен на 15 јануари годинава на социјалната мрежа „Тик-ток“, на кој се гледа како машко лице покажува некаква легитимација на наплатна станица и без да плати надоместок, поминува со возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки.

-Станува збор за М.З. (32) од тетовско Желино и со него пред два дена е извршен службен разговор во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе следи и соодветен поднесок. М.З. не е вработен во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, како што беше објавено во дел од медиумите, информираат од МВР.

Најнови вести