Сопругата на пејачот Марко Булат, Марија била уапсена синоќа додека купувала дрога во Белград.
Српските медиуми пишуваат дека синоќа двајца мажи и една жена се уапсени при примопредавање на дрогата, а утврдено е дека се работи за Марија Булат.
Запленети се кокаин, две ваги за мерење, околу 2000 евра и 3 луксузни автомобили.
Марија Булат, која претходно работела како административец во српското Министерство за внатрешни работи, и претходно е апсена поради наркотици.