Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ по две недели поминати во карантин ја напушта изолацијата и се врати на тениските терени.
Ѓоковиќ ќе игра на Австралија Опен, а во петок ќе учествува и на натпреварување на Аделејд.
На егзибионото натпреварување ќе настапат и Рафаел Надал, Доминик Тим, Серена Вилијамс, Симона Халеп, Наоми Осака и други.
Турнирот ќе се игра со намален број публика во две сесии со по два натпревари во сингл.