среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стојаноски: Треба да се намалуваат глобите но да не отидат спротивно на безбедноста на граѓаните на Македонија

Стојаноски: Треба да се намалуваат глобите но да не отидат спротивно на безбедноста на граѓаните на Македонија

Една конкретна забелешка дека глобите треба да се намалуваат, но сепак треба да се внимава на една работа да истите тие глоби кои што се намалуваат да не ја загрозат националната и државна безбедност. А, што се подразбира под тоа овие измени се со цел на усогласување на законот за трошоци каде што навистина глобите се намалуваат. Конкретно еве во членот 26 ставовите 2 и 3 глобите се намалуваат од 2.000 евра до 3.000 евра на 15 до 250 евра кои што може да бидат лесно злоупотребени, истакна денес Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“.

Стојаноски додаде дека конкретно од Комисијата преку која кандидатите сакаа да добијат лиценца за приватни детективи треба да полагаат. Тоа значи дотолку Комисијата одлучи еден кандидат да му дозволи да користи одредено помагало кое што би му помогнало полесно да го положи испитот за лиценца, наместо од две до три илјади евра би платиле од 15 до 250 евра. Што на некој начин поттикнува вака девијантно однесување.

-Исто така во измените во членот 26 во ставот 4 вели може да се санкционира од 15 до 250 евра доколку не пријави кривично дело за кое што се гони по службена должност и доколку склучи договор со домашни или странски или државни органи, дури или пак политички партии. Ова значи дека овие сериозни нарушувања кои што можеби се регулираат и по други закони, доколку сега се случат самите тие лица ќе може да се повикаат на овој закон, рече Стојаноски.

Стојаноски посочи дека треба да се намалуваат глобите но да не отидат спротивно на безбедноста на граѓаните на Република Македонија. Треба да се внимава кај кои закони може да се примени ова намалување на глоби, а кај кои закони не може да помине ова намалување.

Најнови вести