среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хороскоп

Партнерот единствена светла точка за Шкорпијата, Ракот го очекуваат проблеми

Партнерот единствена светла точка за Шкорпијата, Ракот го очекуваат проблеми

ОВЕН

Ве очекува голема нервоза. Причина ќе биде прекин на работната соработка кој нема да биде ваша идеја. Не сте задоволни од врската. Ниту имате желба да се борите за неа, ниту верувате дека односот може да се поправи. Нервите се чувствителни.

БИК

Ситуацијата е стабилна. Ако ве очекува излегување на рочиште или состанок поради некое правно прашање, минувате одлично. Презадоволни сте од односот со брачниот партнер. Сметате дека никој и ништо не може да го поремети. Проблеми со хормоните.

БЛИЗНАЦИ

Ситуацијата е стабилна. Ако работата има врска со странци, од долгорочен тип е. Имате симпатија која сте ја запознале на работа. Покажувате емоции и ве интересира да бидете повеќе од колеги. Главата е чувствителна.

РАК

Ве очекуваат проблеми на работа за кои не сте дораснати. Збунети сте и не успевате да ги решите проблемите. Емотивната врска е стабилна. Многу ви е важно што саканата личност пружа поддршка во секоја смисла. Проблеми со коските.

ЛАВ

Има премногу проблеми на работа кои не успевате да ги решите. Демотивирани сте поради лошите ситуации. Односот со брачниот партнер е непроменет. Ниту сте успеале да најдете решение, ниту се борите за брак. Коските се чувствителни.

ДЕВИЦА

Ако сте и натаму на работа, имате толку проблеми кои не умеете да ги решите. Загрижени сте што нема никакви промени. Емотивното поле не ви е приоритет. Многу ви е важно да ги решите работните проблеми. Лоша циркулација.

ВАГА

Нема никакви промени на работа. Се се одвива вообичаено. Финансиската ситуација е стабилна. Ако сте слободни, нема ни знаци за промена на емотивниот статус. Целосно сте незаинтересирани за нови познанства. Внимавајте на исхраната.

ШКОРПИЈА

Работата е во фаза на стагнација и што и да се обидете да направите, нема ништо да постигнете. Демотивирани сте. Задоволни сте од односот со брачниот партнер. Во многуте проблеми, тој ви е единствена светла точка. Коските се чувствителни.

СТРЕЛЕЦ

Работната ситуација е стабилна. Нема никакви тешкотии или нервози. Се се одвива во вообичаен процес. Не ви значи емотивната врска. Избегнувате комуникација со другата страна и не сакате ништо да објаснувате. Стабилно здравје.

ЈАРЕЦ

Ако се занимавате со приватен бизнис ве очекуваат проблеми кои не успевате да ги решите. Задоволен сте од емотивната врска. Саканата личност е стабила. Многу ви значи што може да се потпрете на неа. Чувствувате недостаток на енергија.

ВОДОЛИЈА

Ве очекуваат проблеми на работа. Оптимистични сте и самоуверени и имате впечаток дека брзо ќе ги решите. Ситуацијата во бракот е непроменета. Бракот е во криза, никој од двајцата не работи ништо за пдообрување на односот. Внимавајте на исхрана.

РИБИ

На работа ве чекаат големи промени. Можен е или отказ или заминување на принуден одмор. Ве очекува расправа со емотивниот партнер. Двајцата сте тврдоглави и ниту еден не сака да попушти. Ви недостасува кондиција.