недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Алијанса за Албанците: Заев и Ахмети ветуваа задолжителен албански јазик, а сега сакаат да воведат српски јазик во училиштата

Алијанса за Албанците: Заев и Ахмети ветуваа задолжителен албански јазик, а сега сакаат да воведат српски јазик во училиштата

Во врска со изјавата на премиерот Заев за воведување на српскиот јазик како изборен предмет во наставната програма, се огласија од Алијанса за Албанците и Коалицијата.

-Често зборувавме за парадоксите и апсурдот на креирање политики во Македонија. Таков парадокс  слушнавме и денес.  Зоран Заев, во кампања барајќи гласови од Албанците, вети албански јазик како изборен предмет за Македонците низ целата земја, а од друга страна неговиот партнер Али Ахмети, на последните избори вети албански јазик како задолжителен предмет од петто одделение за македонските ученици, но наместо овие две ветувања, заедно сакаат да го направат изборен предмет српскиот јазик, се наведува во партиското соопштение.

Најнови вести