петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ова е највисоката планина на која никој не се искачил

Ова е највисоката планина на која никој не се искачил

Мучу Чиш не е највисоката планина во светот, за неа не гледаме документарци на ТВ, но тоа што ја прави уникатна е фактот дека е највисоката планина на светот на која никој не се искачил.

Сместена е на северот на Пакистан и висока е 7.452 метри надморска височина како дел од планинскиот венец Каракорам. На нејзиниот врв сè уште нема развиорено знаме ниту се направени фотографии.

-Мислам дека најголемата и најинтересна работа што се однесува до првите искачувања на џиновските планини како оваа, на која во основа сте астронаут, е токму тоа – да се дојде до тоа место на кое никогаш претходно никој не бил, вели Џејсон Мартин, директор на Американскиот алпски институт.

-Уште еден елемент е секако дополнителниот предизвик, бидејќи практично нема информации за тоа како да се направи, додава тој.

Уште еден азиски врв, Гангкар Пунсум, висок 7.570 метри, и понатаму е највисоката непосетена планина на Земјата, но со оглед дека планинарењето во Бутан е забрането од 2003 година, овој планински врв е повлечен од планинарските експедициски планови.