петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Собранието во среда ќе дебатира за интерпелацијата на Димитров

Собранието во среда ќе дебатира за интерпелацијата на Димитров

Собранието на Република Северна Македонија во среда ќе расправа за интерпелацијата на вицепремиерот за европски прашања поднесена од опозициските пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и од Левица.

Ова било договорено на денешната координативна седница на првите луѓе на пратеничките групи со претседателот на Собранието Талат Џафери.

На координацијата биле договорени активностите на Собранието во текот на неделава. Пратениците денеска ја продолжија триесетата седница, закажани се и седници на неколку комисии. Гласање по точките од дневен ред од оваа седница, но и за 32. седница, ќе се реализира кога ќе се создадат услови за тоа.

Најнови вести