Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (01.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
-Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 189 мерки, од кои 21 за возење без возачка дозвола, 9 санкции за непочитување на брзината на движење, 2 за управување под дејство на алкохол, 7 мерки за нерегистрирани и технички неисправни возила, 10 за поминување на затворен семафор (црвено светло), 18 мерки за користење на мобилен телефон, 9 за некористење на сигурносен појас и 59 за непрописно паркирање. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, соопштуваат од МВР.