Авионпревозникот „Виндроуз“ ја укинува линијата Скопје-Киев која само пред два месеци беше лансирана. Во четврток и во недела ќе бидат последните летови, со две ротации во март, а потоа линијата ќе биде целосно укината.
„Виндроуз“ е првата компанија која директно ги поврзе Македонија и Украина.
Оваа авиокомпанија неодамна воведе повеќе нови линии кон земјите од поранешна Југославија, како Загреб, Подгорица и Белград, кои ќе продолжат да постојат.