четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Вардар без Дисингер против Порто

Вардар без Дисингер против Порто

Македонскиот ракометен шампион Вардар 1961 замина за Португалија каде в четврток го игра првиот натпревар од Лигата на шампионите  за оваа година против тимот на Порто.

Патувањето за Португалија доаѓа само еден ден по втората победа во СЕХА лигата, а стратегот Стевче Алушовски нема да менува во составот и со идентични сили ќе му се спротистави на португалскиот шампион.

Алушовски овторно нема да може да смета на голманот Робин Кантагрел и ракометарите Кристијан Дисингер и Марко Мишевски, кои останаа во Скопје.

Дуелот со Порто ќе биде најава за вардарци за „пеколниот“ февруари во кој ќе одиграат уште шест натпревари во Лигата на шампионите.