среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

ИОК: ЛОИ во Токио мора да се одржат

ИОК: ЛОИ во Токио мора да се одржат
Интернационалниот Олимписки Комитет најави дека во било која ситуација  игрите во Токио планирани за летниот период ќе се одржат.
Летните Олимписки игри кои беа планирани за летото 2020 тата година и се одложени за оваа лето се под голем притисок за повторно одложување.
Оптимистите и пред се спортистите учесници се надеваат дека вакцинирањето ќе помогне за безбедно одржување на игрите на што се темели и оптимизмот на претседателот на Олимпискиот комитет, поранешниот јапонски премиер Јоширо Мори.
„Без оглед каква би била ситуацијата со коронавирусот, ние ќе организираме игри. Не треба да разговараме дали да одржуваме игри или не, туку за тоа како треба да ги одржиме “, изјави  Мори кој доби и поддршка и првиот човек на олимпизмот Томас Бах негирајќи ги информациите за откажување на летните игри.
Според планот Олимписките игри ќе бидат отворени на 23. јули додека параолимписките игри се планирани за 24-ти август.
Се очекува учество на вкупно 15 000 спортисти плус официјални лица. Засега не е познато дали ќе им се дозволи на љубителите на спортот да присуствуваат на трибините но извесно е дека Јапонија ќе ги затвори границите за фановите од другите земји.