Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска, попладнево беше во посета на општинските комитети на Унијата на жени во Чашка, Градско и Велес.
На социјалните мрежи Пешевска порача, дека жените од ВМРО-ДПМНЕ се силно мотивирани за промени во нашата татковина, бидејќи во општините времето е застанато. Со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ од власт нема ниту проекти ниту решенија за проблемите на граѓаните.