Странските посетители кои патуваат во Шведска ќе мора да покажат негативен тест за ковид-19 не постар од 48 часа, соопшти денеска шведската Влада.
Одлуката следува по минатонеделната препораката од Шведската здравствена агенција, која има за цел да спречи ширење на нови мутации на коронавирусот.
– Од сабота, 6 февруари, странските државјани кои сакаат да влезат во Шведска ќе мора да покажат негативен тест за Ковид-19. Без тоа, нема да можат да влезат во земјата, изјави шведскиот премиер Стефан Лофвен на прес-конференција.
Владата наведе дека ќе има исклучоци од правилата, вклучително и прекугранични патници и странски државјани со престој во Шведска, за кои ќе важат различни правила.
Ограничувања за патувања веќе се во сила за луѓе кои доаѓаат од Велика Британија, Данска и Норвешка, како и за сите други патници вон Европската унија.