вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Прауд Бојс“ во Канада прогласени за терористи

„Прауд Бојс“ во Канада прогласени за терористи

Канада ги вклучи на списокот на терористички организации движењето „Прауд Бојс“ и уште 12 други групи, соопшти канадското Министерство за јавна безбедност.

Речиси сите членови на движењето се во САД, но основачот е од Канада.

– Тоа е неофашистичка организација која прибегнува кон политичко насилство и чии членови делат мизогинистички, исламофобични, антисемитски, антиимигрантски идеологии или идеологија на надмоќ на белата раса, додаде канадското министерство.

„Прауд Бојс“ јасно ја изразија својата поддршка за Доналд Трамп и честопати се појавуваа вооружени на митинзите за негова поддршка.