вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

На задолжувањата им нема крај, владата планира да се задолжува за нови 42,7 милиони евра

На задолжувањата им нема крај, владата планира да се задолжува за нови 42,7 милиони евра

Владата планира да се задолжува за нови 42,7 милиони евра. На официјалната страна на Народна банка објавена е аукција на државни хартии од вредност од 42, 7 милиони евра.

Ова е едно од низата на задолжувања кои владата планира да ги прави во тековната година. Владата според календарот на емисија на хартии од вредност за 2021 година планира да се задолжува за огромни 366 милиони евра. Така според календарот владата во првиот квартал планира да се задолжи за 227 милиони евра додека во вториот за додатни 139 милиони евра.

Експертите сметатат дека ваквото динамично темпо на задолжување кое го прави владата непропратено со исто темпо на вложување во капитални инвестиции е опасно и штето за економијата.

Исто така она што е посебно загрижувачки е фактот што Македонија го им до сега најголемот процент на јавен долг и тоа 60.,7 % од БДП што е историски најголем процент на јавен долг од кога постои државата.

Инаку владата велеше дека ќе ги намали заолжувањата но тоа не се случи. Економистите предупредуваат дека задолжувањата се повеќе ја носат државата пред банкрот.

Најнови вести