недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Иницијативата за вонреден конгрес на група луѓе е политичка иницијатива и има за цел да му помогнат на Заев да му фрлат гума за спасување

ВМРО-ДПМНЕ: Иницијативата за вонреден конгрес на група луѓе е политичка иницијатива и има за цел да му помогнат на Заев да му фрлат гума за спасување

На прашањето: „Иницијативниот одбор за вонреден конгрес објави дека собрале потписи од делегатите за конгрес на 28 март. Како ја коментирате оваа информација и каков ќе биде одговорот на партијата дали доколку се одржи раководството ќе ги прифати одлуките на тој конгрес?“, Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ вели дека иницијативата за вонреден конгрес на група луѓе е политичка иницијатива на луѓе кои имаат за цел да му помогнат на Заев да му фрлат гума за спасување и да го одвлечат вниманието.

-По однос на иницијативата за вонреден конгрес на група на луѓе кои подолго време имаат одредена дистанца од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, нашиот коментар е следен, оваа иницијатива не е статутарна, ниту е правна, ова е политичка иницијатива на група на луѓе кои имаат за цел да му помогнат на Заев да му фрлат гума за спасување и да го одвлечат вниманието. Во моменти кога државата е хибриден режим, најкорумпирана држава во Европа, нула вакцини, 3 илјади жртви, 55 илјади нови невработени и многу затворени фирми оваа иницијативна група се обидува тоа да го релативизира и Заев кој што во моментот во самото Собрание е на стаклени нозе со своето мнозинство да може да ја дефокусира јавноста да се занимава со споредни теми во опозицијата. Затоа сакам да напоменам дека ваквата иницијатива правно гледано е не статутарна политички гледано е координирана со Заев на кого што му е очајно потребен дефокус од лошите политики чија што цена ја плаќаат граѓаните со овој економски и здравствен колапс. На крајот на краиштата бидејќи и самиот месец март е најавен од самите иницијатори би било добро овие иницијатори заедно со Заев кој што најави исто така конгрес на СДСМ да одржат сплотени со Заев еден заеднички конгрес ако веќе одработуваат за Заев нека биде тоа на еден економичен начин на исто место и со иста цел. И само да додадам исто дополнително за ова иницијатива тоа би сакал да кажам во ВМРО-ДПМНЕ воопшто не сме изненадени од ваквиот чекор, овој чекор веќе беше најавуван долго време политички е координиран со Заев но истиот сметаме дека статутарно е неоснован а политички може до одредена мерка да му  послужи на Заев но нема да го спаси од реалните проблеми на корупција и хибриден режим во кој што ја доведе државата, вели Милошоски.

Најнови вести