четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пандов за иницијативата за Вонреден конгрес: Тоа се политички отпадници и луѓе кои одработуваат за Заев и СДСМ

Пандов за иницијативата за Вонреден конгрес: Тоа се политички отпадници и луѓе кои одработуваат за Заев и СДСМ

Александар Пандов, претседател на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата Само вистина на Канал 5, говорејќи за најавата од страна на иницијаторите за Вонреден Конгрес  на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека тоа се луѓе односно група на партиски отпадници од партијата кои имале криминални дејанија, додавајќи дека истите тие луѓе се под диригентска палка и одработуваат за  Зоран Заев.

-Тоа е една група на партиски отпадници, луѓе кои што ги уживале сите погодности и бенефити кои што може да ги донесе политиката и политичката партија било која на крајот од денот во дадениот случај ВМРО и тоа се луѓе кои што претпоставувам не мал дел од нив, да не именувам овој или оној кој што во минатото кога биле на тие функции имале криминални деанија. Оттука тврдам дека единствениот повод и мотив за во овој период да го прават ова што го прават е под диригентската палка на Зоран Заев и одработуваат за него, рече тој.

-Логиката е многу едноставна. Ако вие на се ова што ни се случува, да потсетам само немање вакцини, правење реформи во образование во кое што ниту една високо научна институција не ги прифаќа тие реформи, имаме пад на сите табели, на сите ранг листи дали е од Транспаренси Интрнешнл, дали е од Економист, значи рекордери сме по корупција, рекордери сме по се што е лошо, а немам никакви проекти, немаме никакви инвестиции, нема ништо што е добро што би можело да се пофали, тие луѓе од позиција на опозиција они така се декларираат им смета сега ВМРО-ДПМНЕ, им сметал Мицкоски, додаде Пандов.

На прашањето дали е проблем да се одржи конгрес да се провери довербата, Пандов изјави:

-Апсолутно е проблем затоа што самиот чин на организирање на конгрес е немала работа и јас колку што сум во тек и самата партија веќе почнува со подготовка на конгрес бидејќи редовниот е во ноември, декември и има многу работа околу тоа да се организира конгрес. И сите структури на партијата, сите тела на партијата се сконцентрирани само кон една и единствена цел како да разобличи до кај оваа штетна политика која што ја води Зоран Заев и да се добијат предвремени парламентарни избори заедно со локалните избори. За жал постојат луѓе како оваа група сега иницијатори на Конгрес што се нарекуваат кои што не го гледаат Зоран Заев и СДСМ како проблем, туку го гледаат Христијан Мицкоски, раководството и ВМРО-ДПМНЕ.

Според Пандов ваквата иницијатива за вонреден конгрес не е ниту правна ниту статутарна.

-Она што сакам да го потенцирам, тоа не е ниту правно, ниту статутарно. Значи они ќе си прават некоја приватна забава, вели Пандов.

Најнови вести