сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Бергеруд замина од Флензбург

Бергеруд замина од Флензбург

Норвешкиот голман Торбјерн Бергеруд од наредната сезона ќе настапува во редовите на данскиот ГОГ Гудме.

Данскиот клуб го официјализира трансферот на еден од најдобрите голмани на денешницата, кој во изминатите три сезони ги бранеше боите на Флензбург.

Договорот меѓу двете страни е на една година по што талентираниот Норвежанец од 2022 година ќе потпише со францускиот гигант ПСЖ.

Бергеруд е редовен член на норвешката репрезентација со која има освоено два сребрени медали на Светските првенства.