среда, 31. јануари 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Австриецот Винсент Крихмаер светски првак во супервелеслалом

Австриецот Винсент Крихмаер светски првак во супервелеслалом

Австриецот Винсент Крихмаер го освои златниот медал во супервелеслалом на Светското првенство во скијање, што по неколкудневно одложување поради лоши временски услови, почна денеска во италијанскиот зимски центар Кортина д’Ампецо.

Водечкиот во Светскиот куп во велеслалом ја оправда фаворитската улога и стигна до своето прво мундијалско злато во кариерата со време од 1:19.41, минувајќи низ целта со предност од седум стотинки пред второпласираниот Австриец, кој настапува под знамето на Германија, Ромед Бауман.

Бронзениот медал во супервелеслалом го освои Французинот Алексис Пинтуро со заостанување од 38 стотинки.

Светското првенство во скијање продолжува викендов, со трката во спуст во женска конкуренција,в сабота, и машкиот спуст следниот ден.