сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Коментар на денот-  Стоилковски: Марин фрла илјадници евра за агенции и медиуми, а нула денари за локален развој

Коментар на денот-  Стоилковски: Марин фрла илјадници евра за агенции и медиуми, а нула денари за локален развој

Златко Марин од Аеродром нема одговорено на живо новинарско прашање, ама прави конкурс за натпревар меѓу новинарите – Ова не е моја, туку за волја на вистината, новинарска реакција на огласот на Златко Марин и на советот од СДСМ во Аеродром, со кој што нудат поткуп, пардон награди, за новинарски дела во кои што два месеци ќе се фали нивната изборна стратегија! Со европско знаменце, ова денеска преку коментар на денот го истакна Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Вкупно 180.000 денари Марин отворено нуди на новинари и медиуми кои што најмногу ќе ги пофалат СДСМ во Аеродром, односно, нема да ги критикуваат за неработењето. Јас се уште чекам на ЗНМ и Високата школа за медиуми при МИМ, да се произнесат за овој оглас на Златко Марин и Советот на СДСМ во општината Аеродром. И многу ме интересира кои се луѓето од комисијата кажана во огласот кои што ќе оценуваат медиумски прилози, за тоа кој да добие награда? И дали и комисијата ќе биде платена, бидејќи ни тие не работат за џабе? Дали меѓу нив ќе бидат и оние од Маркетинг агенцијата кои што за една година Марин ги платил 73.000 општински евра? Иако има сектор за јавност, Марин си плаќа по 6 000 евра месечно, 73.000 евра за една година ПиАр, маркетинг агенција, да му креваат рејтинг! Прашање е само дали парите биле за реклама за Марин или за некои други активности, за други потреби на СДСМ?, прашува Стоилковски.

Тој додава дека во Аеродром  е јасно дека ниеден новинар и ниедна ПР агенција нема да можат да ги исперат Марин и СДСМ заради предизвиканиот хаосот со неработењето и лагите. На пример зошто не направат реклама, или награди медиумски прилог, за дадените 300.000 евра за некаков софтвер, а денар немаат дадено за локален економски развој!? Марин фрла илјадници евра за агенции и медиуми, а нула денари за локален економски развој. Во Аеродром, ама сега и насекаде се знае, СДСМ со Марин и со нивните членови на општинскиот Совет, нема ништо да се смени, освен понатамошно девастирање на општината! А за тоа нема да има одговор, туку лажни фалби преку скапо платени маркетинг агенции и преплатени новинарски прилози во кои што ќе го нема загадувањето и бетонскиот хаос во Аеродром предизвикано од Златко Марин и од СДСМ!