четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Стојаноски: Лажете за вакцините, лажете за економијата, излажавте и за наводно исчистени улици!

Стојаноски: Лажете за вакцините, лажете за економијата, излажавте и за наводно исчистени улици!

Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека секоја година во ист период, власта е изненадена од снегот.

-Да не беше трагично, ќе беше смешно. Секоја година во ист период, власта е изненадена од снегот. Заглавени возила по коловозите, непристапни пешачки патеки, а механизацијата со која толку се фалеа градоначалниците ја нема никаде!
Лажете за вакцините, лажете за економијата, излажавте и за наводно исчистени улици!
Ниту сте кадарни, ниту сте спремни да водите држава!
Каде е сега онаа “дежурна екипа” што чистеше во Ѓорче Петров ?
Каде е механизацијата на градот ?
Народот ќе има шанса како никогаш досега на наредните локални избори да донесе одлука во своја корист и да ве испрати во историјата, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Да не беше трагично, ќе беше смешно. Секоја година во ист период, власта е изненадена од снегот. Заглавени возила по…

Posted by Бојан Стојаноски on Сабота, 13 февруари 2021