сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Јубилејна 300-та победа на Ѓоковиќ на гренд-слем турнирите

Јубилејна 300-та победа на Ѓоковиќ на гренд-слем турнирите

Светскиот тенисер број 1 Новак Ѓоковиќ ја забележа јубилејната 300-та победа во кариерата на гренд-слем турнирите, совладувајќи го денеска во осминафиналето на Австралија Опен, Милош Раониќ, со 3:1 (7:6, 4:6, 6:1, 6:4).

Српскиот тенисер обезбеди пласман во четвртфиналето на грен-слем турнирот во Мелбурн за два часа и 56 минути игра против 14-то рангираниот Канаѓанец на АТП листата.

Ѓоковиќ за пласман во полуфиналето ќе игра против Германецот Александар Зверев, кој претходно денеска со максимални 3:0 во сетови го совлада сонародникот на Ѓоковиќ, Душан Лајовиќ.