четврток, 11. јануари 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Осака ја извојува 19. последователна победа

Осака ја извојува 19. последователна победа

Јапонската тенисерка Наоми Осака се пласираше во полуфиналето на Австралија опен, откако ноќеска ја совлада Си Сувеи од Тајван со резултат 6:2 и 6:2. Ова е 19-та победа по ред за Осака.

Осака последен пат загуби во март 2020 година. Во исто време, двапати го откажуваше своето учество на мечевите пред да излезе на терен.

Светскиот рекорд по бројот на победи по ред и припаѓа на чешката тенисерка со американско државјанство Мартина Навратилова. Таа своевремено врза 45 победи.