Марко Миљковиќ сподели фотографија од својата свршеница Луна Џогани на својот Инстаграм профил со што ги разнежни фановите.
Имено станува збор за фотографија на која е пејачката Луна Џогани во спалната соба каде спие и ужива во бременоста.
-Спијат, напиша нејзиниот свршеник алудирајќи на пејачката и на нивната ќерка која се уште е во утробата на пејачката.
Инаку парот чека девојче, а како што е познато тоа ќе се вика Миа.