недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

МВР: Казнети 229 возачи во Скопје

МВР: Казнети 229 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (16.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 229 мерки, меѓу кои за непочитување на брзина на движење 44, 17 санкции за возење без возачка дозвола, 12 за користење на мобилен телефон.

Изречени се пет санкции за минување на затворен сигнал(црвено светло), 6 мерки за возач почетник, седум санкции за некористење сигурносен појас и 53 санкции за непрописно паркирање.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, информира МВР.

Најнови вести