среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Принцот Филип итно хоспитализиран

Принцот Филип итно хоспитализиран

Војводата од Единбург е примен во болница затоа што не се чувствува добро, објави денеска Бакингемската палата.

Принцот Филип, кој има 99 години, бил примен по совет на лекар, а од британската кралска палата се наведува дека станува збор за „мерка на претпазливост“.

– Војводата од Единбург беше примен во болницата Кинг Едвард VII во Лондон во вторникот вечерта, се вели во соопштението, додавајќи дека станува збор за „мерка на претпазливост, по совет на неговиот лекар“.

Војводата ќе остане во болницата неколку дена на опсервација и одмор, се додава во соопштението.