сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Данска ќе ја пречека Македонија во Алборг

Данска ќе ја пречека Македонија во Алборг

Данската ракометна федерација одлучи градот Алборг да биде домаќин на дуелот меѓу актуелниот светски првак Данска и машката ракометна репрезентација во рамките од квалификациите за пласман на Европското првенство 2022 година.

Првиот меч со скандинавската репрезентација ќе го одиграме во Скопје на 10 март, а четири дена подоцна следува реванш во салата „Гигантиум“ во овој град..

Македонската репрезентација победи на  првите два меча двата меча , исто како и следниот наш противник.

На крајот од квалификациите, Македонија ќе гостува на Финска а квалификациите ги завршуваме на домашен терен против Швајцарија.