Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека според информациите добиени од Република Грција од 05.30 часот утринава(18.02.2021) Граничниот премин Евзони е отворен за секаков вид сообраќај (влез и излез), информира МВР.
Граничниот премин беше затворен поради штрајк на грчките цариници од 05.00 часот на 17.02.2021 година.