О2 Иницијативата преку статус на Фејсбук пишува дека државниот завод за ревизија констатира потфрлање во решавањето на клучниот проблем на македонските граѓани, загаденоста на воздухот.
-🔴 Државниот завод за ревизија констатира потфрлање во решавањето на клучниот проблем на македонските граѓани, загаденоста на воздухот.
🔴 Мерките кои се преземени во последниве три години не го промениле значително квалитетот на воздухот кој го дишеме, надзорот и контролата се на ниско ниво, а финансиите кои централните и локалните власти ги издвојуваат за решавање на овој проблем се незначителни, се вели во конечниот извештај од јануари 2021, за степенот на имплементација на препораките на ревизорите од 2017.
🔻 Според податоците од Државен завод за статистика, учеството на инвестициите и трошоците за заштита на воздухт во БДП во периодот 2017-2019 е НАМАЛЕНО во однос на претходните години и изнесува 0️⃣,0️⃣3️⃣%, а во однос вкупните инвестиции и трошоци за животната средина изнесува 2️⃣% за 2017 и 2018, односно 2,6% за 2019.
🔻 Малиот буџет кој се издвојува за борбата против загадувањето е причина, што и понатаму просечните годишни концентрации на ПМ10, во голема мера ги надминуваат утврдените гранични вредности во сите мерни станици, освен станицата во Лазарополе.
🔻 Голем проблем е недостигот на стручен и компетентен кадар.
🔻 Мониторингот над имплементацијата на мерките во планските документи се врши нередовно и нецелосно, односно ад хок и по барања од ЕУ, медиумите и граѓанскиот сектор.
🔻 И понатаму, не е обезбедена целосност на податоците за Катастарот на загадувачи од причина што повеќе од 50 % од операторите кои поседуваат А и Б интегрирани еколошки дозволи немаат доставено податоци.
🔻 Од вкупниот број надзори во 2017, 2018 и 2019 година, и понатаму незначителни 1️⃣% извршени се по Законот за квалитетот на амбиентниот воздух.
🔵 Препораката е да се зајакне административниот капацитет, да се донесат законските решенија за квалитетот на амбиентниот воздухот и инспекцискиот надзор во животната средина, да се воспостави Национален информативен систем за животна средина и целосна база на податоци за Катастарот за животна средина, систем за подготовка и следење на планските документи и обезбедување на потребните финансиски средства за нивна реализација.
https://dzr.mk/…/210217-zashtitata-na-graganite-od…, стои во нивниот пост на Фејсбук.
🔴 Државниот завод за ревизија констатира потфрлање во решавањето на клучниот проблем на македонските граѓани,…
Posted by O2 Иницијатива on Четврток, 18 февруари 2021