петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Иван Чупиќ е најдобар десен бек во Лигата на шампионите за оваа коло

Иван Чупиќ е најдобар десен бек во Лигата на шампионите за оваа коло
Semi Final Match 1 - Vardar 1961 vs PPD Zagreb, Final Four - SEHA - Gazprom league, Zadar ,04.09.2020 , Mandatory Credit © Mandatory Credit © Uros Hocevar / kolektiff

Македонскиот ракометен шампион Вардар два пати во серија беше поразен од унгарскиот ПИК Сегед, но овојпат само со еден гол разлика, 34-33.

Еден од најдобрите натпревари оваа сезона ги одигра хрватскиот репрезентативец Иван Чупиќ, а тоа не остана незабележано од ЕХФ.

Хрватот не играше на својата позиција десно крило, затоа што играше на десната бековска позиција Постигна девет гола, а подели и асистенции за соиграчите, па  поради тој факт ЕХФ го смести во идеалниот тим.