сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Алушовски: Направивме многу технички грешки и глупави исклучувања

Алушовски: Направивме многу технички грешки и глупави исклучувања

Тренерот на македонскиот ракометен шампион Вардар Стевче Алушовски ,после мечот против Елверум истакна дека промашените клучни шутеви скапо го чинеа македонскиот тим, а исто така во тој период од играта се направени непотребни  исклучувања.

„После секој натпревар од прилика доаѓаме на истото дека промашивме многу клучни шутеви, но што е тука е. Знаевме дека Елверум е тим што трча и што има добра транзиција, но во првиот дел не го правевме тоа добро и примивме 21 гол, што за меч во ЛШ е недопустливо. Во второто полувреме благодарение на голманот Марко Кизиќ успеавме да направиме разлика од четири гола, меѓутоа направивме премногу технички грешки и глупави исклучувања. Немавме решение за нивната игра 5-1 со Абало напред, нашите бекови беа престатични. Нашите глупави исклучувања не донесоа во ситуација да го загубиме резултатот. Честитки на Елверум за бодот, се надевам дека во среда ќе биде поинаку“, кажа Алушовски.

Вардар и Елверум ги чека втор натпревар, кој исто така ќе се одигра во Скопје. Дуелот е закажан за во среда