Иако ова е најубавиот период во животот на секој човек, и детството има бројни предизвици, убави и помалку убави денови. Со поддршката од вашите родители и семејството се справувате со сите предизвици и проблеми.
Овој период е особено тежок за децата. Со овие неколку чекори може да му помогнете на вашето дете да се чувствува подобро.
Поставувајте му општи прашања
За да дознаете што се случува во животот на вашето дете, поставувајте му прашања од отворен тип. На тој начин, детото постепено ќе ви се отвори и ќе ви каже што е тоа што го мачи и како се чувствува. На пример, може да го прашате: „Забележувам дека нешто те растажува. Што се случува?“
Прегрнете го
Секогаш кога некој ќе ве прегрне се чувствувате посигурно, подобро и посакано. Прегратките не смеат да бидат дел од вашето секојдневние само кога вашето дете е тажно. Прегрнувајте го вашето дете во секој слободен момент, прегратките треба да бидат рутина бидејќи во нашето тело се ослободува хормонот на среќа, а тоа влијае врз расположението на детето.
Што и да е, ќе помине
Помогнете му на вашето дете да сфати дека сите лоши денови ќе поминат. Без разлика дали имаат проблеми на училиште, дали имаат проблеми со другарчињата или нешто ги боли, треба да им помогнете да сфатат дека во животот ќе има и вакви денови.
Забавни активности
За да му ги тргнете мислите од проблемите и да го расположите, практикувате некоја заедничка активност, без разлика дали станува збор за некој вид спорт или гледање некоја серија на Netflix. Каква било активност ќе му помогне на детето да ги подобри неговата самодоверба и расположението.