Граѓаните од скопската општина Ѓорче Петров најавуваат предупредувачка блокада. Тие на Фејсбук обелоденуваат голем проблем во општината и испраќаат предупредување.
Нивниот допис ви го пренесуваме во продолжение:
На утрешната седница на Советот повторно спротивно на сите ветувања ставен на усвојување е ДУП – Детален урбанистички план Градска четврт СЗ 15 (од потегот карши кружниот тек во Порта Влае – позади Убац – до Американ Констракшн и целиот дел позади карши недоправениот трговски центар) во кој на тој мал простор треба да никнат:
-Над 15 згради со вкупна бруто развиена површина од 138.918 м2 или 23.578 м2 градежна површина.
-Висина од 31 метар БЕТОНСКИ ЗИД.
-предвидено над 1359 НОВИ ЖИТЕЛИ .
-во овој ДУП се легализира и спорната ЗГРАДА ВО ПАРКОТ
Се прашуваме кога ли ќе престане ова печатење на урбанистички планови !?
Хром, Дексион – Јурија, сега и овој !?
ОПШТИНАТА И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ АЛЕКСАНДАР НАУМОСКИ ДОКОЛКУ УТРЕ НЕ ГО ПОВЛЕЧАТ ОВОЈ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН И НЕ ПОКАЖАТ ДОБРА ВОЛЈА ВО НАСОКА НА УРБАНАТА ЗАШТИТА НА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ВО САБОТА (27.02) ЌЕ ОДРЖИМЕ ПРЕДУПРЕДУВАЧКА БЛОКАДА НА УЛИЦА.
ИЛИ ЃОРЧЕПЕТРОВЦИ ИЛИ УРБАНАТА МАФИЈА !
Иницијатива против урбаното дивеење на Ѓорче Петров.