среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Ако консумирате премногу сол, телото ви ги дава овие знаци – не ги игнорирајте!

Ако консумирате премногу сол, телото ви ги дава овие знаци – не ги игнорирајте!

Солта има лоша репутација, но натриумот е исклучително важен минерал во организмот. Но, консумирањето премногу натриум може да му наштети на вашето здравје.

Ова се знаци дека консумирате премногу сол:

1. Постојано сте жедни

Кога концентрацијата на сол во крвта почнува да расте (благодарение на зголемувањето на растворливите материи како што е натриумот), мозокот и бубрезите почнуваат да работат за да се врати рамнотежата.

На пример, може да се активира антидиуретичен хормон така што телото задржува течност што помага во разредување на натриумот. Според студија во Current Biology во декември 2016 година, нервните сигнали исто така можат да се активираат за да го стимулираат чувството на жед. Можеби ќе почнете да чувствувате физички симптоми како што се сува уста и сува кожа, изјави за „Лајвстронг“ Трејси Локвуд Бекерман, диететичар и автор на книгата The Better Period Food Solution . Вашето тело ви кажува дека мора  да внесувате течности за да ги рехидрирате клетките.

2. Се чувствувате надуено

„Колку повеќе натриум внесувате, толку повеќе вода ќе задржите“, вели Кејт Патон, диететичар во Центарот за човечка прехрана на клиниката Кливленд.

Иако може да изгледа нелогичмо да пиете повеќе вода кога чувствувате надуеност, тоа всушност може да ги поништи ефектите од прекумерната консумација на сол. Со консумирање на соодветни течности, сè, вклучувајќи го и вишокот на натриум, може да се исфрли од системот.

„За борба против чувството на надуеност, пијте многу вода, прошетајте после јадење или пијте чај со лимон“, препорачува Бекерман.

3. Домашната храна има благ вкус

Натриумот кој се наоѓа во преработена и спакувана храна го сочинува најголемиот дел од нашата потрошувачка на натриум.

Всушност, се покажа дека луѓето кои јаделе поголеми количини преработена храна имаат значително поголема веројатност да имаат висок крвен притисок, според големото истражување од декември 2016 година објавено во American Journal of Hypertension.

„Целокупната храна како овошје, зеленчук, цели зрна и јаткасти плодови и семиња природно имаат малку натриум“, вели Патон.

Сепак, за оние кои се навикнати да јадат преработена храна, таквата храна може да има благ  вкус, бидејќи нивните сетила за вкус се навикнати на поголемо ниво на сол.

4. Ви се зголемува крвниот притисок

Солта не е единственото нешто што може да влијае на крвниот притисок, според Harvard Health Publishing. На крвниот притисок влијаат и генетиката, стресот, тежината, внесот на алкохол и нивото на физичка активност. Но, долготрајната консумација на храна богата со натриум може да игра голема улога.

Идеален внес на сол е околу 1.500 милиграми натриум на ден, особено за оние со висок крвен притисок.