вторник, 2. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хороскоп

Девицата ќе добие пари, Бикот да го намали стресот

Девицата ќе добие пари, Бикот да го намали стресот

ОВЕН

Сега е време да ги заборавите вредностите кои во последно време сте ги форсирале, и да почнете одново. Сега важи предупредувањето да не зборувате на проблематични теми со партнерот, затоа што нема да се разберете на вистинскиот начин. Чувствителни колена и зглобови.

БИК

Финансиската ситуација е подобра отколку во претходниот период и кога не би имале долгови, би била задоволителна. Слободните припадници на овој знак интензивно размислуваат за минатото, а преку работа може да им се јави некоја некогашна љубов. Намалете го стресот и нервозата.

БЛИЗНАЦИ

Ќе вложувате нешто поголеми напори во реализација на своите планови, кои на крајот ќе бидат реализирани. Ако сте слободни, пред вас е ден кој првенствено ќе го посветите на работа, и ќе остане многу малку простор за вашиот емотивен живот. Ви пречат цигарите.

РАК

Ако имате надредени, бидете внимателни во контактот со нив. Зафатените припадници на овој знак ќе ги разгорат страстите во сегашниот однос, но ова е период и на караници. Не се изложувајте на напори затоа што може да се повредите.

ЛАВ

Ќе бидете наклонети кон дипломатија и компромис, каде своите потреби ќе ги ставите на второ место, но исто така на соработниците ќе им дадете до знаење дека имате одредени граници кои не треба да ги поминувате. Зафатените припадници на овој знак приметуваат дека нешто се менува во односот со саканата личност. Негувајте ја косата повеќе.

ДЕВИЦА

Очекувајте прилив на пари од неочекувани извори. Зафатените припадници на овој знак се наклонети кон шармирање на саканата личност, но и флерт со некоја друга личност. Минлива главоболка.

ВАГА

Имате впечаток дека никако не може да тргнете напред, па послушајте ја интуицијата и занимавајте се само со веќе започнати работи. Ако сте слободни, за вас ќе се интересира една постара, но најверојатно и зафатена личност. Затоа бидете внимателни. Проблеми со стомакот.

ШКОРПИЈА

Доколку постојат некои должници кон вас, тие сега најверојатно ќе ви се јават, но немојте да очекувате дека полниот износ ќе ви биде вратен. Напнатост во љубовта владее, и ќе немате толеранција кон другата страна. Проблеми со грлото.

СТРЕЛЕЦ

На полето работа може да се случат караници кои не сте ги предизвикале, но некако ќе мора да се браните од провокации. Слободните припадници на овој знак ќе се интересираат за една млада личност, која неодамна прекинала еден долг емотивен однос. Внимавајте со шеќерот.

ЈАРЕЦ

Неопходно е да го издржите напорот со кој се соочувате, затоа што многу брзо после тоа ќе бидете растоварени и ќе бидете задоволни од постинагите резултати. Едно мало недоразбирање ќе може да се развие во сериозна расправа. Водете сметка на забите.

ВОДОЛИЈА

Можни се прекин на договорот или потпишување на некои нови договори. И вам и на партнерот му е потребна доза слобода, и доколку успеете да ги надминете пречките, мирно ќе продолжите понатаму. Пад на имунитетот.

РИБИ

Очекувајте стабилизација на работното поле и енергијата која сте ја потрошиле на сите страни, сега ќе треба да ја собирате. Со саканата личност ќе се „натпреварувате“ кога е во прашање авторитетот. Одлично се чувствувате.