петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

АНКЕТА: Дури 72,8% од Македонците сметаат дека промената на името НЕ ВРЕДЕЛА, две третини бараат да се врати името

АНКЕТА: Дури 72,8% од Македонците сметаат дека промената на името НЕ ВРЕДЕЛА, две третини бараат да се врати името

Агенцијата Маркет винж спроведе истражување за МКД.мк  од 10 до 16 февруари на 1.200 испитаници. Се заклучува дека повеќе македонски граѓани сметаат дека не вредеше промената на името на Република Македонија за членство во НАТО. Од добиените резултати дури 72,8% од Македонците стојат зад тој став.

Македонците на прашањето „Дали според вас треба да го вратиме името по цена на“:  Губење на членство на НАТО или губење на можноста за членство во ЕУ, 63,5 отсто одговориле „по цена на губење членство во НАТО“ а 65,3  отсто одговориле „губење на можноста за членство во ЕУ“.

 

Според сите добиени резултати и конечни заклучоци, Македонците не се задоволни од исходот на промена на името, и по секоја цена би го вратиле.

Анкетирањето било спроведено со употреба на CATI метода ‐ телефонско анкетирање со помош на компјутер, на примерок од 1.200 испитаници . Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол и возраст во однос на проценките за населението од Државниот завод за статистика од 2019 година.

 

 

 

 

 

Најнови вести