Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (27.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на Центар изречени се вкупно 126 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 19 санкции, 14 за непочитување на брзината на движење.
Изречени се 13 мерки за возење под дејство на алкохол, три за нерегистрирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.