вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Голема егзотика за Трамп и Ким: Две можни места за историската средба, на двете би сакале да одите (ВИДЕО)

Голема егзотика за Трамп и Ким: Две можни места за историската средба, на двете би сакале да одите (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп после разговорите со јужнокорејскиот претседател, Муџ Џае-Ин кажа дека има припреми за негов состанок со севернокорејскиот претседател, Ким Џонг- Ун.

-Само што имав долг и многу добар разговор со претседателот на Јужна Кореја. Работите стојат многу добро, се договараат место и време за средбата со Северна Кореја, напиша Трамп на Твитер

Тој исто така разговараше и со јапонскиот претседател Шинзо Абе, како би го известил за преговорите кои се водат.

Трамп на почетокот на јуни ќе се состане со Ким, што ќе биде историски самит.

Американскиот шеф на дипломатијата, Мајк Помпео, тајно се состанал со севернокорејскиот водач.

Во петокот Трамп назначи „две или три“ места на кои би можел да се организира неговиот состанок со Ким,а потоа наведен „две можни“ земји.

Според „CBS News“, кој се повикува на неименувани извори , тие две земји се Монголија и Сингапур.

Премиерот на Сингапур вчера кажа дека не примил никакво формално барање за такво нешто.

Претседателите на Северна Кореја и Јужна Кореја во петокот одржаа историски состанок, на кој се согласија дека ќе тежнеат кон остварување на низа цели, вклучувајќи и денуклеризација на корејскиот полуостров и официјално завршување на војната.