Ако сакате да се разбудите свежи и расположени, кафето не е најдобрата идеја бидејќи тоа носи многу проблеми во текот на денот, поврзани со поспаноста, болка во стомакот и желудникот и поуденост. За убаво утро и уште поубав ден, потребни ви се само овие состојки.
Овесна каша
Таа е меѓу најдобрите намирници кои можете да ги изедете наутро. Дава енергија благодарение на нискиот глихемиски индекс и ви дава гориво за целиот ден. Јаглените хидрати во овесната каша брзо согоруваат што помага да останете будни и енергични во текот на целиот ден, а не само 1-2 часа како кафето.
Вода
Напијте се вода веднаш штом се разбудите, на празен желудник. Често дури и благата дехидрација може да го замагли вашиот ум и да го спречи неговото нормално функционирање. Во текот на денот, доколку се чувствувате поспани таа е подобра за енергија, за разлика од кафето. Чувајте шише вода покрај себе во текот на целиот ден.
Јаболков оцет
Не постои научно објаснување за силата на јаболковиот оцет, но тој е една од најмоќните здрави состојки. Делува одлично на енергијата и доброто расположение, а и на целото здравје. Само внимавајте да не претерате бидејќи може да го иритира грлото и системот за варење. Можете да додадете малку мед во него и млака вода.