Каратистите на Макпетрол освоија шест медали на интернационалниот турнир во Тузла, Босна и Херцеговина.
Ангела Мојсовска се закити со два медали, едно злато и една бронза, а најсјајно одличје освоија и Глигор Петков и Стефан Стојановиќ. Бронзени медали освоија и Моника Пендаровска и Марија Петровска. На овој силен турнир учество земаа вкупно 888 натпреварувачи од дури 75 клубови од поранешна Југославија.
Каратистите на Макпетрол на овој турнир настапија претежно во највозрасната сениорска конкуренција, и тие успеаја да освојат вкупно 6 (шест) медали од кои 3 (три) златни и 3 (три) бронзени.