вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Деца случајно активирале бомба: Загинаа три лица, седум се повредени

Деца случајно активирале бомба: Загинаа три лица, седум се повредени

Група авганистански деца денеска активирале неексплодирана минофрлачка граната во станбена зона во источната провинција Нангархар, предизвикувајќи експлозија во која загинала една жена и две деца, информираат официјалните лица од Авганистан.

Атахулах Когијани, портпарол на провинцискиот гувернер, кажа дека уште седум деца се повредени во денешната експлозија.

Според неговите зборови, гранатата ја фрлиле побунувачите минатата ноќ, но тогаш не експлодирала.

Инаку, Авганистан е полн со мини и неексплодирана муниција, која е останата повеќедецениската војна, а од чии експлозии годишно страдаат стотици луѓе.