понеделник, 18. март 2024. Вести денес: 0
home Скопје

МВР: Санкционирани 183 возачи во Скопје

МВР: Санкционирани 183 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (02.03.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 183 мерки, меѓу кои за непочитување на брзина на движење 29, девет санкции за возење без возачка дозвола, четири за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се 30 мерки што ги чинат пешаците, седум санкции за користење на мобилен телефон, пет за некористење сигурносен појас, седум за минување на затворен сигнал (црвено светло) и 50 мерки за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.