сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Петрушевски: Владејачкото мнозинство треба да реагира за акцискиот план на Љупчо Георгиевски за решавање на спорот со Бугарија бидејќи тоа е срам за целиот македонски народ

Петрушевски: Владејачкото мнозинство треба да реагира за акцискиот план на Љупчо Георгиевски за решавање на спорот со Бугарија бидејќи тоа е срам за целиот македонски народ

Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Само Вистина“ зборуваше за акцискиот план на Љупчо Георгиевски за решавање на спорот за Бугарија и посочи дека тоа е многу срамно за целиот македонски народ и за тоа треба да реагира и владејачкото мнозинство.

-Јас имам лично против акцискиот план кој го произнесе Љупчо Георгиевски за спорот со Бугарија, а многу Македонци имаат и те како сериозен проблем затоа што она кое беше таму напишано. Срамно е да биде напишано тоа од еден поранешен премиер, сегашен коалициски партнер на СДСМ, понижувачки за македонскиот народ, понижувачки за сите граѓани на Република Македонија и апсолутно се чувствувам навреден од сето она што го прочитав во неговиот предлог план. Мислам дека со иста мера треба да реагира и владејачкото мнозинство и да се оградат од овие ставови кои јавно ги има произнесено нивниот коалициски партнер, рече Петрушевски во своето гостување.

Најнови вести