петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Меган Маркл во интервјуто кај Опра Винфи го обвинува кралското семејство за „одржување лаги“

Меган Маркл во интервјуто кај Опра Винфи го обвинува кралското семејство за „одржување лаги“

Војвотката од Сасекс изјави дека не се плаши од последиците од појавувањето во јавност со нејзиниот сопруг, принцот Хари, во интервјуто кај Опра Винфри.

Во другото најавено видео на телевизијата ЦБС за претстојното интервју, Меган Маркл рече дека „многу …е веќе изгубено“.

Таа рече дека не може од нејзе да се очекува да молчи ако членовите на кралското семејство учествуваат во „одржување лаги за нас“.

Претходно, Бекингемската палата соопшти дека покренала постапка да се утврди дали војвотката го малтретирала кралскиот персонал.

Интервјуто со Опра Винфри, кое ќе се емитува во Америка во недела, се очекува да даде увид во краткиот период во кој Хари и Меган служеа како членови на кралското семејство, пред да се повлечат од функцијата и да заминат во САД.

Во видео-клипот од 30 секунди, Винфра ја прашува војвотката: „Како се чувствувате што денеска палатата слуша како јавно ја говорите вашата вистина“?

Таа одговара: „Не знам како би можеле да очекуваат дека, по толку време, сепак ќе молчиме ако има активна улога што ја игра „Фирма“ во одржување на лаги за нас. И, ако тоа носи ризик да се изгуби нешто, мислам … Многу е веќе изгубено“.

Поранешните и сегашните членови на кралскиот штаб ќе бидат повикани анонимно да зборуваат за нивните искуства од работењето за Меган, како дел од истрагата спроведена од Бакингемската палата.

На ова претходеше напис во „Тајмс“, во кој се вели дека е поднесена тужба против војвотката за вознемирување додека таа служела како член на кралското семејство.

Според сторијата во „Тајмс“, жалбата е поднесена во октомври 2018 година, додека војводата и војвотката живееле во палатата Кенсингтон.

Во обелоденетата електронска пошта испратена од член на персоналот, а објавена од весникот, се вели дека Меган избркала двајца лични асистенти од нивното домаќинство.

Во текстот се тврди дека таа „ја нарушила самодовербата на третиот член на персоналот“.

Во изјавата, Бакингемската палата – која вработува кралски персонал – рече дека „очигледно е многу загрижена за наводите во Тајмс“ и дека тимот за човечки ресурси на палатата ќе ги испита околностите наведени во написот.

„Кралското домаќинство спроведува политика на пристојна работа многу години и не толерира и нема да толерира малтретирање или вознемирување на работното место.“

Во претходната изјава издадена од портпаролот на Меган се вели:
„Војвотката е тажна од овој последен напад врз нејзината личност, особено како личност која и самата беше цел на малтретирање и која е длабоко посветена на обезбедувањето поддршка на оние кои доживеале болка и траума. Таа е решена да продолжи да работи за градење сочувство низ целиот свет и ќе продолжи да се труди да дава пример за тоа што е правилно и добро.“

Војводата и војвотката од Сасекс се повлекоа од функцијата постари членови на кралското семејство во март 2020 година и сега живеат во Калифорнија.

Хари претходно изјави дека одлуката да се повлече е да се заштити себеси и неговото семејство од медиумите.

Минатиот месец беше објавено дека Хари и Меган нема да се вратат како работнички членови на кралското семејство.

Телевизиско интервју на Меган и принцот Хари со Опра Винфри ќе се емитува на телевизијата ЦБС во Америка во вечерните часови, во недела на 7 март.

Во Велика Британија, интервјуто ќе се емитува на ITV во 21 часот по локално време во понеделник, 8 март.

Си-Би-Ес изјави дека Меган ќе зборува за тоа „како зачекори во животот како член на кралското семејство, за брак, мајчинство“, како и за „како се носи со животот под силен притисок на јавноста“.

Потоа ќе и се придружи принцот Хари, а парот ќе зборува за нивната преселба во САД минатата година и за идните планови.

Најнови вести