среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стојаноски: Гласањето за недоверба на владата беше само обид да се дисциплинира мнозинството, а цел на ВМРО-ДПМНЕ е предвремени парламентарни избори

Стојаноски: Гласањето за недоверба на владата беше само обид да се дисциплинира мнозинството, а цел на ВМРО-ДПМНЕ е предвремени парламентарни избори

Она што се случуваше во текот на вчерашниот ден, беше само обид да се дисциплинира мнозинството, и оти цел на ВМРО-ДПМНЕ е предвремени парламентарни избори, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски на гостувањето на Телевизија 24.

„Овде јас би поставил неколку прашања. Дали на сите пратеници им било кажано, дали им било објаснето дека не е само да се изгласа дневен ред, туку дека ќе дојде Заев и ќе побара мнозинство. Денес вели Заев среќен сум што добив доверба, но сепак ќе работам на тоа да се одблокира парламентот“, рече Стојаноски кој праша „зошто ако има доверба од 62 пратеници денес нема доволен број да се гласа, а имавме само денес преку 70 точки, но не се собраа во Собранието“.

Го повикувам, Филипче, да провери пратениците да не фатиле од оној магичен корона вирус кој поминува магично за еден ден.

Стојаноски се осврна на задолжувањата кои ги прави власта.

„Четирите пакети да внесат 1,2 милијарди евра кај стопанството и граѓаните, а влегоа само 350 милиони евра. Кога има недостататок на аргументи се шпекулира со Скопјке 2014, а тука е и министерство на Груби на чие отворање беше и Заев. Во комисијата која јас ја викам за задолжување има закони за заем од 21,5 милиони евра, друг за 25 милиони евра, трет за 50 милиони евра, четврти за 70 милиони евра, од таа евробврзница 500 милиони се за задолжување на минатата евробврзинца, ама 200 милиони евра се нето задолжуцања кои ќе треба да се иксористат за други работи“, рече Стојаноски.

Според него она што се случи вчера требаше да биде нов наратив, затоа што се поразени во здравството нема вакцини, нема правда, и додаде дека остануваат остануваат интерпелациите од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести