среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пешевска: Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ одржа крводарителска акција и со тоа уште еднаш ја покажaвме нашата хумана страна

Пешевска: Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ одржа крводарителска акција и со тоа уште еднаш ја покажaвме нашата хумана страна

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ како политичко и општествено одговорна организација во текот на целата недела пред празникот на жената 8ми Март  организираше и одржа настани во чест на жената низ целата држава. Со тие настани ја претставивме жената од повеќе аспекти. Покрај тоа што е жена, домаќинка, мајка, вработена но и делотворна во општеството уважувајќи ја историјата и минатото но и креатор и двигател во иднината. Па така уваживме и покажавме внимание кон многу жени низ Македонија со тоа што подаривме цвеќиња и честитки, истакна Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Потоа одржавме низа настани на литературни читања на кои се спомнуваа жени, хероини од минатото, но посетени и уважени беа хероините во бели мантили на ова време, а тоа се здравствените работници кои ја имаат нашата поддршка за цело време откако почна пандемијата. Своевремено како Унија на жени се приклучивме кон акцијата на изработка на заштитен материјал како капи, калци, визери кои недостасуваат кога почна пандемијата и беше сеопшто прифатено. Низ градовите на државата исто така имавме низа хуманитарни акции во делење помош како храна и средства за хигиена за семејства во социјален ризик и многудетни семејства. Денес се одржува крводарителска акција во организација на градскиот комитет на Унијата на жени во соработка на Црвениот крст на Македонија на која акција ќе даруваат крв околу 70 жени. Со оваа акција ја истакнавме нашата хуманата страна која е впрочем и наша главна карактеристика. Сите настани беа одржани во согласност со здравствените протоколи, покажавме дека и во време на пандемија кога е и најпотребно можеме со своите дела да покажеме хуманост и изнудиме насмевка и радост, посочи таа.

„Ние жените од Унијата на жени сме биле и ќе продолжиме да бидеме двигатели во развојот на демократскиот капацитет на Македонија. Хуманоста е една од нашите основни постулати, а борбата за рамноправно учество на жената во сите сфери на живеењето, борбата против родово базираното насилство, борбата против злоупотребата на женските права е мотивот на Унијата на жени да опстои во сите фази и премрежија низ кои поминува нашето општество. Можеме, сакаме, се бориме“ – посочи таа.

Најнови вести