среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Мартин Томовски: Да почнеме да ги менуваме работите и да ја подобриме сликата од Мундијалот

Мартин Томовски: Да почнеме да ги менуваме работите и да ја подобриме сликата од Мундијалот

Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски пред мечот со Данска потенцира дека нашите ракометари треба да се фокусираат на себе и да се подобри сликата која ја остави нашата селекција на јавноста на последното Светско првенство.

„Данска ни е добро позната, знаеме за што станува збор, во последни години се работи за најдоминантна селекција во светот, тоа го покажа и на Мундијалите каде двапати по ред стана првак. Но, мислам дека фокусот треба да биде на нас, да не даваме значење на нивниот квалитет, туку да ставиме на нас, да ја промениме нашата игра и да дадеме се од себе. Да почнеме да ги менуваме работите и да ја подобриме сликата од Мундијалот каде ни фалеше жар, концентрација и внимание. Верувам дека новиот селектор Лазаров може да донесе промени затоа што не познава добро“, изјави Томовски.