„Не само што ние сме во економска криза, мислам дека е тоа условно кажано „understatement“, ние немаме економија во моментов, не само што немаме економија, немаме држава. Македонија е „failstate“ која што не може да ги испорача основните човекови потреби“, истакна Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ при гостувањето во „Радио лидер“.
Ѓорчев додаде дека власта иако економијата е драстично лоша во моментов во државата, се задолжува за да враќа свои долгови. Индикатор дали некоја држава е банкротирана или не ќе видите она што го прави Владата на Заев, што го прави Македонија во моментов, а тоа е нови и нови задолжувања за да се враќаат долгови.
„Единствено плативе во Македонија сега што се исплаќаат и пензии и се останато се е од задолжувања. Ние немаме економија. Еве погледнете дали неколку години наназад се отворила нова фабрика во Македонија. Абер нема, ни ти некој очекува, ни ти некој се надева, ни ти тоа е на агенда. Србија секој месец отвора фабрики, еве вчера имаше фабрика „Континентал“, германска инвестиција, 500-600 вработувања, просечна плата илјада евра. Таа фабрика е за технички кабли и индикатори, високи технологии“, рече Ѓорчев.
Ѓорчев посочи дека Македонија кога Владата ја предводеше ВМРО-ДПМНЕ беше репер во регионот, Србија доаѓаше во Македонија да учи како да се привлекуваат странски инвестиции. Секој месец тогаш Македонија отвораше фабрики, но оваа сега ништо не направи.
„Македонија стана едно зачмаено место, неуспешно општество, пропадната економија во која што ништо не се случува, и секој се обидува да замине од државата. Тоа е пораз на политиките на Зоран Заев“, нагласи Ѓорчев.