вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ОБСЕ: Клучно е да се зајакне лидерската улога на жената

ОБСЕ: Клучно е да се зајакне лидерската улога на жената

Улогата на жените лидери, особено во градењето на мирот и спречувањето конфликти, е клучна во постигнувањето просперитетни и мирни општества и гаранција за зајакнување на нашите демократии, соопштија официјални претставници на ОБСЕ по повод 8 Март Меѓународниот ден на жената.

Тие укажаа на потребата да се засилат напорите и да се зголемат ресурсите со цел зајакнување на лидерството на жените.

Тие исто така ја подвлекоа клучната улога на жените во обезбедувањето закрепнување после Ковид-19.

-Економското зајакнување на жените и девојчињата е од суштинско значење за нивно значајно вклучување и еднакво учество во процесите на донесување одлуки, вклучително и решавање на конфликти и градење на мир. Промовирање на женското лидерство е важен аспект кога сакаме да го зголемиме целосното и ефективно учество на жените во процесите на донесување одлуки. ОБСЕ мора да игра важна улога во своите напори за зајакнување на женското лидерство во нашите општества, рече претседавачот со ОБСЕ, шведската министерка за надворешни работи Ан Линде.

Генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмит истакна дека рамноправно учество на жените во справувањето со пандемија е поважно од било кога.

„Ние мора да дадеме приоритет на напорите за унапредување на женското лидерство, преку професионално обучување и менторство, преку поддршка на женски мрежи за градење мир и преку обезбедување на родово чувствително работно опкружување, рече Хелга Шмит.

Официјални претставници на ОБСЕ подвлекоа дека родовата еднаквост е предуслов за инклузивен мир, одржлив економски развој и демократско управување. (МИА)